Home / Latest Articles / Воскреснување на легенда; Запознајте го новиот Land Rover Classic Defender Works V8 Trophy

Воскреснување на легенда; Запознајте го новиот Land Rover Classic Defender Works V8 Trophy

Land Rover Classic го претставија моделот Defender Works V8 Trophy кој ќе биде ограничен на само 25 примероци, а неговата појава е нешто на што и моменталната генерација на Defender ќе му завиди…

Ова возило е базирано на моделот од 2012-2016 што го разви Land Rover Classic, но последниов модел доаѓа со цел список на подобрувања.

Подобрувањата започнуваат со атмосферскиот V8 агрегат кој беше неизбежен, а располата со 400КС и 515Њм вртежен моемнт. Спарен со 8-степениот автоматски менувач, силата ја пренесува на сите тркала..

Овој модел исто така, нуди крајно издржливи преден и заден диференцијал, што важи за еден од најважните детали кај теренец.

Други додатоци по кои се двои Defender Works V8, е целиот пакет на офроуд додатоци. Чекрек, заштитен кафез, решетка за багаж на кровот, заштита под каросеријата, предна заштитна решетка, подигнат усисник за воздух, ЛЕД светла и гуми за најтешки терени.

Подгответе се за шок, цената на овој модел ќе чини околу 223.000 евра.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *