Home / Latest Articles / Вуков после Скопски Круг: Прекрасно е чувството да се настапи на домашна трка!

Вуков после Скопски Круг: Прекрасно е чувството да се настапи на домашна трка!

Иако како гостин на Скопски Круг, Македонскиот автомобилист Ристо Вуков одлучи да настапи на домашен терен после завршувањето на Српскиот шампионат каде се натпреварува со Српска лиценца.

Како што изјави, прекрасно е чувството да се настапи на домашна патека.

„Скопскиот круг кој се одржа пред две недели беше дел од планот за мој настап на домашен терен. Нема поубаво чувство од тоа да си дома. Искрено не очекував толкава доминација, бидејќи не сум возел со тие гуми, ниту ја познавам патеката.

Во саботата имав добро време, но бев уверен и јас и останатите возачи дека времињата не се во ред, па затоа организаторот ни даде шанса во неделата на загревањето да возиме пак за пол позиција, со тоа што ако ги подобриме времињата ќе се важат тие, додека ако не ги подобриме ќе се важат оние од саботата.

Јас го подобрив своето време (1:30.65), додека во саботата пишуваше дека сум возел 1:31.3, па затоа стартував од првата позиција. Имав мала грешка на стартот од трката. Може да се каже дека се успав, бидејќи не знаев како ќе се гаси семафорот. По неколку круга, поточно во четвртиот, избив напред и направив доста голема разлика, после што остана само да го чувам автомобилот бидејќи немаше за што да се ризикува.

После се, имам да изразам голема благодарност до мојот тим, АМЕРИТ, Горска Вода и да најавам дека следната година ќе возам исто така во Македонскиот и во Српскиот шампионат, при што се надеваме на добри резултати.“ – изјави Вуков за БрзКруг.

Фото: rpm.mk

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *