Home / Latest Articles / Дакар 2018, 10 етапа: Вокнер во изненадувачко водство после победата на 10-тата етапа, ван Беверен надвор од релито!

Дакар 2018, 10 етапа: Вокнер во изненадувачко водство после победата на 10-тата етапа, ван Беверен надвор од релито!

Матиас Вокнер стана фаворит за победа на Дакар 2018 кај мотоциклите откако дојде до победа на десеттата етапа, после падот на Адриен ван Беверен и неговото откажување од релито

МОТОЦИКЛИ

После падот, Адриен ван Беверен им се приклучи на четворицата главни претенденти за генерална победа кои се можеби надвор од борба за титулата на Дакар 2018. Иако 10-тата етапа започна со шест возачи во помалку од 10 минути разлика од лидерот, Вокнер е тој кој се најде во водство од дури 39м42с.

Возачот на КТМ имаше доста тивок старт и беше на речиси седум минути позади лидерот Кевин Бенавидес на паузата на средината од денот. Но откако стартуваше вториот дел од 373 километарската етапа, речиси сите од најбрзите возачи се загубија.

Бенавидес, Прајс, Бареда и Мео, сите изгубија многу време, со ван Беверен и Вокнер кои беа единствените на кои навигацијата не им беше проблем, но ван Беверен имаше опасен пад поради кој се здоби со скршеница на клучната коста и мали повреди на кичмата, што за него означува крај на Дакар 2018. Вокнер моментално се наоѓа на чело во генералниот пласман, пред Бареда кој заостанува за 39м42с и Кевин Бенавидес на 41м23с од лидерот.

Позади првите тројца, топ 10-те ги комплетираа Фарес, Прајс, Мео, Брабек, Свитко, Куинтанила и Уберт.

КВАДОВИ

Додека кај квадовите, дебитантот на Дакар Николас Кавиглиасо ја освои неговата втора етапна победа оваа година и се најде на третата позиција позади лидерот Игнасио Касале и воторпласираниот Гонзалез.

Игнасио Касале ја одржува неговата доминација после освоената трета позиција на 10-тата етапа, а разликата од второпласираниот изнесува 1ч41м03с.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *