Home / Latest Articles / Дакар 2018, 7 Етапа (Мотоцикли): Етапна победа за Бареда, со повреда на коленото

Дакар 2018, 7 Етапа (Мотоцикли): Етапна победа за Бареда, со повреда на коленото

Жоан Бареда со повреда на коленото ја освои третата етапна победа на годинешниот Дакар, додека Адриен ван Беверен се врати во водство во генерален пласман кај мотоциклите

Саботната седма етапа Ла Паз – Ујуни во должина од 425 километри беше најдолга етапа досега на Дакар 2018.

Возачот на Honda Жоан Бареда беше едноставно незапирлив освојувајќи ги сите контролни точки пред етапната победа. Тој започна од петтата позиција во генерален пласман, а со 21-та етапна победа во неговата кариера тој се искачи на третата позиција. Но и покрај етапната победа, Бареда ќе се соочи со проблеми понатаму во текот на релито.

Шпанецот се здоби со повреда на коленото на последниот брзински испит поради која неговите понатамошни резултати се ставени под знак прашалник. Тој пристигна во бивакот во Ујуни во огромни болки и не беше сигурен дали ќе може да продолжи, но се одлучи да продолжи откако се консултираше со медицинските лица на релито.

Генерален пласман после 7 етапа:

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *