Home / Latest Articles / Дакар 2019 Моторцикли: Еден од фаворитите за победа во генерала, надвор од Дакар!

Дакар 2019 Моторцикли: Еден од фаворитите за победа во генерала, надвор од Дакар!

Американскиот возач на Хонда, Рики Брабек, ги изненади своите колеги кои се борат за победа во генерален пласман, со неговото откажување од релито…

Тоби Прајс е новиот лидер во генерален пласман кај моторциклите, иако на денешната осма етапа беше поспор за 1м13с од Матиас Вокнер (КТМ) кој запиша уште една етапна победа, додека Рики Брабек кој беше еден од фаворитите за победа на овогодинешниот Дакар, се откажа поради откажување на неговиот мотор.

Брабек имаше предност од 7м47с кога започна осмата етапа, но моторот на неговиот моторцикл откажа уште на 56-от километар од денешната 361 километарска етапа Сен Хуан де Маркона-Писко, после што Американскиот возач немаше друг избор освен да се откаже.

Инаку тој е трет возач од фабричкиот тим на Хонда кој се откажа покрај Жоан Бареда кој се заглави на третата етапа и Паоло Гонсалвес кој два дена подоцна падна и се повреди.

Драмата во генерален пласман кај моторциклите продолжува:

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *