Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2020: Прва етапа Џеда – Ал Вајх (резултати)

Дакар 2020: Прва етапа Џеда – Ал Вајх (резултати)

Оваа година за прв пат во Саудиска Арабија се одржува најтешкото рели на планетата, Дакар Рели

Денес на првата етапа од Џеда до Ал Вајх, најбрз кај моторциклите беше Тоби Прајс на КТМ со време од 3:21.33, додека пет секунди позади него на втората позиција пристигна Рики Брабек на Honda. Трет беше Матиас Вокнер на КТМ, додека четврти и петти на целта од првата етапа пристигнаа Кевин Бенвидес и Сем Сандерленд на Honda и KTM.

Кај квадовите победа на првата етапа постигна Игнасио Касале на Yamaha, пред Рафал Соник кој заостана за 5 минути и 55 секунди, додека трет беше Томаш Кубиена, пред Џовани Енрико и Мануел Андујар, сите на Yamaha квадови.

Кај автомобилите, изненадувачка победа извојува Ваидотас Зала во Mini, кој успеа да пристигне за 2м14с пред Кралот на Дакар Стефан Петерхансел. Карлос Сајнц исто така во Mini заостана за 2м50с позади на третата позиција, додека Насер Ал-Атија кој оваа година има доста тешка задача – одбрана на минатогодишната победа, заврши четврти со заостанување од 5м33с од водечкиот, поради дури три гума-дефекти…

Во класата SSV прв пристигна Арол Домзала, пред Кејси Кари додека трет беше Хозе Антонио Хинохо Лопез, сите на CAN – AM.

Кај камионите Антон Шибалов во Kamaz успеа да дојде до победа со време од 3:40:35, додека Сергеј Виазович во MAZ заостана за 1м33с. На третата позиција пристигна Јанус Ван Кастерес во Iveco, додека Димитри Сотников во Kamaz успеа да дојде до четвртата позиција пред Мартин Мачик во Iveco. Погледнете го видеото од класата камиони подолу:

https://www.facebook.com/dakar/videos/539715923291659/

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *