Home / Latest Articles / Дакар 2020: Прва жртва на сеуште незапочнатиот Дакар (Видео)

Дакар 2020: Прва жртва на сеуште незапочнатиот Дакар (Видео)

Дакар оваа година ја забележи првата жртва уште пред да се завршат техничките и административните проверки…

Мартин Коломи е првата жртва кој со својот Ford Raptor 4×4 во текот на шејкдаунот преживеа опасно превртување, после кое беше префрлен во болница со повреда на вратот.

Коломи кој обично се натпреварува во класата Камиони оваа година требаше да настапи со автомобил, но за жал го преврте уште пред стартот од релито удирајќи со предниот дел во песочна дина при приземјување од скок.

Еден од медицинските хеликоптери веднаш пристигна на местото на настанот, а Коломи и неговиот совозач Јирка Строс беа префрлени во болница за преглед. И двајцата се надвор од животна опасност.

About vladimir

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *