Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2020: 2 етапа Ал Вајх – Неом (резултати)

Дакар 2020: 2 етапа Ал Вајх – Неом (резултати)

Вториот ден од најтешкото рели на планетава донесе нови возбудувања за натпреварувачите, но и неколку откажувања.

Кај моторциклите втората етапа на Дакар рели му припадна на Рос Бренч, додека Сем Сандерленд заостана за 1м24с и двајцата на КТМ моторцикли. Трет со заостанување од 2м21с на целта од втората етапа пристигна Пабло Куинтанила на Husqvarna, додека Кевин и Лучијано Бенавидес завршија на четвртата и петтата позиција. После втората етапа во генерален пласман води Сем Сандерленд со предност од 1м18с пред Пабло Куинтанила.

Кај квадовите Игнасио Касале започнува со правење на голема предност завршувајќи на првата позиција пред Рафал Соник и Симон Витсе. Касале се наоѓа на првата позиција во генерален пласман за 9м9с пред Соник, додека на третата позиција се наоѓа Џовани Енрико.

Кај автомобилите денес најбрз беше Жиниел Де Вилие во Toyota, пред Орландо Теранова во Mini, кој заостана за 3м57с позади Де Вилие. Трет на целта пристигна Шеик Калид Ал Касими во Peugeot додека четврти и петти пристигнаа Серадори и Ал Атија. Во генерален пласман после втората етапа води Орландо Теранова пред Карлос Сајнц за 4м43с, додека на третата позиција е минатогодишниот победник Насер Ал Атија кој заостанува за 6м7с позади Теранова.

Во класата SSV Франциско Лопез Контардо заврши на првата позиција пред Кејси Кари и Конрад Раутенбах, додека во генерален пласман Контардо води со 9м37с пред Кејси Кари.

Кај „големите момци“ – камионите, со денешната победа Сергеј Виазович во Maz дојде до лидерска позиција во генерален пласман, додека втор денес заврши Дмитри Сотников во Kamaz. Неговиот тимски колега Андреј Каргинов пристигна трет пред Мачик во Iveco и Николаев во Kamaz. Во генерален пласман во првите шест се четири Kаmaz-и при што неофицијално нивниот тимски лидер Владимир Чагин најавува повторно завземање на 1-2-3 подиум. Виазович е доста расположен за да пркоси на тој план, па затоа ќе гледаме сериозна борба во оваа класа.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *