Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2020: 4 етапа Неом – Ал Ула (Резултати)

Дакар 2020: 4 етапа Неом – Ал Ула (Резултати)

Денес на програмата на најтешкото рели на планетава се одржа четвртата етапа Неом – Ал Ула која воедно е најдолгата етапа што е возена досега во должина од 453 километри брзински испит и 80 километри неутрализирана зона.

Кај автомобилите Стефан Петерхансел се запиша како четврти различен победник на етапа во досегашните четири етапи кој воедно ја преполови предноста во споредба со лидерот во генерален пласман Карлос Сајнц. 13-кратниот Дакар победник стартуваше шести во неговиот автомобил X-Raid Mini и беше трет автомобил кој помина низ целта. Со заостанување од 2м26с на втората позиција заврши Насер Ал-Атија, додека трет пристигна Карлос Сајнц. Во генерален пласман води Карлос Сајнц со предност од 3м3с пред Насер Ал-Атија и 11м42с пред Стефан Петерхансел.

Кај моторциклите денес имаше казна за најбрзиот, Сем Сандерленд, кој доби казна од пет минути поради непочитување на ограничување на брзина во еден дел каде ограничувањето беше 30км/ч. Победата на четвртата етапа ја доби Хозе Игнасио Корнехо Флоримо за кого воедно беше прва победа на Дакар рели. Во генерален пласман кај моторциклите води Брабек со предност од 2м30с пред Бенавидес и 8м31с пред Корнехо Флоримо.

Во класата камиони, денес имавме прилика да видиме 1-2-3 победа на Kamaz. Антон Шибалов ги пројде 453-те километри за 4ч15м43с, а беше побрз од неговиот сонародник Андреј Каргинов за 2м41с и 9м5с од Дмитри Сотников. Виазович кој до третата етапа беше водечки во генерален пласман денес заостана речиси 16м позади Шибалов, а тоа го чинеше водство во генерален пласман. Моментално лидерската позиција во генерален пласман ја превзема Андреј Каргинов со предност од 10м43с пред Виазович и 15м2с пред Шибалов.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *