Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021 (Етапа 8): Станува жестоко кај моторциклите и автомобилите, кај камионите повторна доминација на Камаз

Дакар 2021 (Етапа 8): Станува жестоко кај моторциклите и автомобилите, кај камионите повторна доминација на Камаз

Како се ближи крајот на годинешното издание на Дакар Рели, така тензијата се зголемува…

Борбата за победа на најтешкото рели на планетава продолжи со осмата етапа денес, која се протегаше од Сакака до Неом во должина од 375 километри.

Кај моторциклите Хозе Игнасио Корнехо Флоримо дојде до уште една етапна победа со која направи предност пред неговиот најблизок ривал Тоби Прајс, кој сега се наоѓа позади Чилеанецот за 1м06с предност во генерален пласман. Трет со 2м50с заостанување на целта од осмата етапа пристигна Рики Брабек, пред Сем Сандерленд и Кевин Бенавидес. Позади Флоримо и Прајс, моментално трет во генерален пласман се наоѓа Сандерленд, пред Бенавидес и Бареда Борт.

Кај автомобилите станува интересно. Насер Ал-Атија дојде до многу важна етапна победа, во која неговиот најблизок ривал Стефан Петерхансел заостана за 3м03с на третата позиција позади Карлос Саинц. Со оваа победа Ал-Атија ја намали предноста од Петерхансел на 4м50с, додека Саинц се наоѓа на третата позиција со заостанување од 38м55с. Вистинско разочарување е откажувањето на Себастиен Леб и неговиот совозач Даниел Елена кои до денешниот ден се измачуваа со разни проблеми, од губење во простор до голем број на проблеми со скинати гуми. Колку и да беше голема желбата денес мораа да се откажат.

Кај камионите тимот на Kamaz Mаster продолжи со 1-2-3 победи. Антон Шибалов запиша уште една етапна победа, додека за 2м28с подоцна на целта пристигна неговиот тимски колега Дмитри Сотников. Трет беше Андреј Каргинов, додека Белорусинот Алиаксеи Вишнеуски со неговиот Maz пристигнаа на четвртата позиција пред Игнасио Касале со заостанување од 7м54с и 9м13с. Во генерален пласман Дмитри Сотников ужива комотна предност од 43м28с пред Антон Шибалов и 1ч13м15с пред Ајрат Мардеев. Лопрес е четврти со заостанување од 1ч29м11с, пред Чешкиот возач Мартин Мачик во Iveco на петтата позиција за 1ч51м46с позади водечкиот Шибалов.

Утре на програмата е деветтата етапа Неом – Неом која се вози во круг со должина од 465 километри. Оваа етапа поради должината и различната подлога, важи за една од најтешките етапи на годинешниот Дакар.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *