Monday , May 17 2021
Home / Latest Articles / Дакар 2021 Моторцикли: Победа за Прајс на третата етапа

Дакар 2021 Моторцикли: Победа за Прајс на третата етапа

Денес на третата етапа од годинешното Дакар Рели, Австралиецот Тоби Прајс дојде до втора етапна победа, додека со освоената четврта позиција денес, Американскиот возач Скајлер Хоус поддржан од приватен тим дојде до водство во генерален пласман кај моторциклите.

После катастрофалниот вчерашен ден за Тоби Прајс кој заврши на 28 позиција со заостанување од дури 33 минути позади победникот Бареда, возачот на КТМ денес се пушти во борба со Кевин Бенавидес од Honda на 403 километарскиот круг околу Вади Ад-Давашир, во дуел во кој извојува победа.

Матиас Вокнер пристигна на третата позиција позади Бенавидес, додека четврти беше Скајлер Хоус. Сем Сандерленд успеа само до петтата позиција, додека шести беше Хавиер Де Соултрат. Во топ десетте денес завршија Каими на седмата, Сандерс на осмата пред Гонсалвес на деветтата и Корнехо Флоримо на десеттата позиција.

Во генерален пласман води Скалјер Хоус со минимална предност од 33 секунди пред Кавин Бенавидес. Хавиер Де Соултрат се наоѓа на третата позиција и 1м28с, пред Тоби Прајс на четвртата позиција со заостанување од 1м52с.

Check Also

TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

Започнува 2021 сезона во Европската ТЦР Серија После долгата зимска пауза и тренинзите обавени на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *