Home / Latest Articles / Дакар 2021 (7 етапа): Петерхансел води, Kamaz најавуваат 1-2-3 победа

Дакар 2021 (7 етапа): Петерхансел води, Kamaz најавуваат 1-2-3 победа

После вчерашниот ден за одмор, денес продолжи втората половина од најтешкото рели на планетава, Дакар Рели.

Седмата етапа која се возеше од Хаил до Сакака во должина од 453 километри, донесе доста нови изненадувања.

Кај моторциклите Рики Брабек беше денешниот победник, кој за прв пат оваа година доаѓа до етапна победа, а сега се наоѓа на осмата позиција во генерален пласман за 14м52с позади лидерот Хозе Игнасио Корнехо Флоримо кој се наоѓа на водечката позиција во генерален пласман пред Тоби Прајс за само една секунда. Трет е Сем Сандерленд со заостанување од 2м11с пред Хавиер Де Солтрат кој е за 23с позади Сандерленд.

Етапна победа денес кај автомобилите извојува Јазид Ал Рајхи кој го победи Стефан Петерхансел за 48 секунди, додека трет пристигна Карлос Саинц пред Насер Ал Атија и Јакуб Пржигонски. Во генерален пласман Петерхансел го зголеми водството и се чини дека полека но сигурно го фаќа ритамот после малерите во почетокот од релито. Тој се наоѓа на чело со предност од 7м53с пред неговиот најголем ривал оваа година Насер Ал Атија на втората позиција, додека Карлос Саинц се наоѓа на третата позиција со заостанување од 41м06с.

Кај камионите етапна победа запиша Дмитри Сотников, за да го зголеми водството во генерален пласман на речиси 46м. Неговиот тимски колега Антон Шибалов се наоѓа позади него на втората позиција и заостанува за 45м56с, додека Ајрат Мардеев кој заостанува за 1ч05м06с на третата позиција, го комплетираше 1-2-3 водството на Рускиот тим. Со овој поредок, повеќе од јасно е дека Kamaz најавува 1-2-3 победа.

Во следните објави денес, очекувајте интересен видео материјал.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *