Home / Latest Articles / Дакар 2022 – Етапа 4 Мотоцикли: Втора етапна победа за Бареда

Дакар 2022 – Етапа 4 Мотоцикли: Втора етапна победа за Бареда

Возачот на Honda Јоан Бареда стана првиот двоен етапен победник во изминатите четири етапи, додека расположениот Данило Петручи заврши на третата позиција.

На 464км етапа која се возеше денес помеѓу Ал Каисума и Ријад, MotoGP возачот Данило Петручи постави рана предност со неговиот КТМ водејќи на првите три контролни точки.

Потоа Бареда успеа да постигне темпо кое од почеток Петручи можеше да го прати, но подоцна се откажа и остана на своето темпо кое не беше доволно за пратење на Бареда, туку само за трета позиција на четвртата етапа.

Ова беше 29та етапна победа за Бареда на Дакар победувајќи со предност од 4м37с.

Во генерален пласман води Сем Сандерленд, додека на втората позиција се наоѓа Матиас Вокнер, со заостанување од 3м пред Адриен ван Беверен кој заостанува за 4м54с позади лидерот.

Лоренцо Сантолино се наоѓа на четвртата позиција со 10м25с заостанување, додека после него до 10-тата позиција следат Пабло Куинтанила, Јоан Бареда, Скајлер Хоус, Даниел Сандерс, Стефан Свитко и Кевин Бенавидес.

About vladimir

Check Also

MotoGP Катар: Првата пол позиција за Хорхе Мартин

Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *