Home / Latest Articles / Дакар 2022 Камиони: Втора Дакар титула за Сотников, 1-2-3-4 победа на КАМАЗ

Дакар 2022 Камиони: Втора Дакар титула за Сотников, 1-2-3-4 победа на КАМАЗ

Втора Дакар титула за Сотников и КАМАЗ

Последната кратка етапа од 164км не можеше многу да им влијае на натпреварувачите кои направија солидна предност во последните 11 етапи од Дакар Рели, но сепак не беше возможно било кој од нив да се опушти бидејќи трката трае до последниот сантиметар, а имињата не можат да се соопштат до преминување на самата целна линија.

Последниот брзински испит се протегаше низ планински предели и серпентини, овој пат без песок и песочни дини. Караванот се движеше низ мали кањони, возејќи во конвој со потешкотии во навигацијата. Денешната последна етапа на Дакар Рели највеќе зависеше од навигаторот во екипата, бидејќи секоја грешка можеше да биде фатална.

Сепак немаше некои посебни изненадувања, а на целта на 2022 Дакар Рели како победник пристигна екипата на Дмитри Сотников, заедно со навигаторот Руслан Акмадеев и механичарот Илгиз Акмецјанов. На втората позиција заврши Едуард Николаев, пред Антон Шибалов и Андреј Каргинов, формирајќи силен 1-2-3-4 завршеток за Рускиот тим, што последен пат се случи во 2011 година. Ова за Камаз е 19 титула во нивната историја на натпреварување на Дакар Рели.

About vladimir

Check Also

WRC Монте Карло: Себастиен Леб во водство, Форме со катастрофално излетување (Видео)

На прагот на својата 48 година, Себастиен Леб стана најстариот возач кој бил во водство …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *