Home / Latest Articles / Дакар 2022 Моторцикли: Втора Дакар победа за Сем Сандерленд

Дакар 2022 Моторцикли: Втора Дакар победа за Сем Сандерленд

Санерленд изјави дека втората победа му е послатка од првата, откако возачот на GasGas ја освои после пет години од првата

Британскиот возач базиран во Дубаи, Сем Сандерленд успеа да дојде до победа после денешниот последен 12 ден од најтешкото рели на планетава во класата моторцикли.

Тој успеа да го победи Пабло Кинтанила за 3м27с освојувајќи прва победа за саб брендот на КТМ – GasGas. Првата титула Сандерленд ја освои во 2017 година како фабрички возач на КТМ, додека оваа година ја освои втората титула за прв пат со GasGas.

Сандерленд беше на водечката позиција во најголемиот дел од релито, за прв пат превземајќи го водството после втората етапа, за потоа за кратко да го загуби во седмата и десеттата етапа, за веднаш да го врати назад во двата случаи.

Прашан за тоа кој беше клучот на неговиот успех, тој изјави: „Мислам дека клучот беше конзистентноста, останувајќи на белешките од патната книга и не губење време со сомнителни забелешки. Не беше лесно за никого, но пресреќен сум што вака се заврши.“

Ова воедно е и 19 победа на КТМ на Дакар, откако 18те победи по ред беа прекинати кога Дакар релито се префрли во Саудиска Арабија во 2020 година, а таа година Honda успеа да ја прекине низата на победи на КТМ.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *