Home / Latest Articles / Дали електричните возила ќе го издржат Дакар Рели?

Дали електричните возила ќе го издржат Дакар Рели?

Како што веќе сте налетале на информација, Audi RS Q e-tron тестира низ Марокансите пустини, подготвувајќи се за Дакар 2022, но дали е вистински подготвен за најтешкото рели на планетава?

Audi Sport го тестираа Audi RS Q e-tron низ најтешките предели и во најекстремни услови, откако автомобилот заврши тестови во Германија и Шпанија со сите три планирани возачи и тоа: Стефан Петерхансел, Карлос Саинц и Матиас Екстром заедно со нивните совозачи.

Екстремните услови во Мароко вклучија тестирање на температури над 40 степени целзиусови во песочни олуји кои кои направија потешкотии кои мораат да се средат на следен тест.

Тимот очекува пониски температури на Дакар 2022, со тоа што компонентите кои се произведени не се развиени за високи температури, но погонот и други компоненти се тестирани преку нивните граници.

Батериите се специјално развиени за Дакар, издржувајќи огромни температури, се разбира со максимум перформанси. Максималната моќ на Audi RS Q e-tron 670КС.

Тимовите рабоат со полна пареа, но и ветуваат многу. Резултатот ќе можеме да го видиме само откако ќе започне Дакар 2022.

Audi RS Q e-tron

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *