Home / Latest Articles / Дали редизајнираната Hayabusa може да се нарече „нов моторцикл“?

Дали редизајнираната Hayabusa може да се нарече „нов моторцикл“?

Иако станува збор за фејслифт, Јапонците тврдат дека новиот Suzuki Hayabusa располага со доволно голем број на нови делови (550) за да може да се нарече нов модел.

Suzuki Hayabusa сега располага со поостар дизајн, со новите предни и задни светла со LED технологија, изменет дизајн на издувните цевки, TFT дисплеј со голем број на информации и уреди за помош на возачот како ABS, контрола на асистенција на тракцијата, контрола при старт, адаптивен темпомат, брз шифтер на брзини…

Редниот 4-цилиндричен агрегат од 1340 кубни сантиметри развива само 184КС што е доста помалку од моторцикли со 1000 кубни сантиметри, но сепак… располага со 150Њм вртежен момент, исполнува Еуро 5 норми и може да дојде до ограничени 300км/ч.

Поогледнете ја официјалната видео презентација:

About vladimir

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *