Monday , May 17 2021
Home / Latest Articles / Дождливи дуели за квалитетен тркачки викенд за Кипровски на Силверстоун

Дождливи дуели за квалитетен тркачки викенд за Кипровски на Силверстоун

Изминатиот викенд на патеката Силверстоун во Велика Британија се одржа втората рунда од Focus Cup GB каде се натпреварува Македонскиот возач Бранко Кипровски.

На квалификациите Кипровски дојде до осма стартна позиција од 19-те возачи кои земаа учество, со најбрз круг од 1:15.905 што беше за само 0.6 секунди од времето на Сајмон Руд со кое ја освои пол позиицијата.

После стартот од осмата позиција Кипровски објасни дека трката изобилувала со дуели и борби за позиција во која заврши на шестата позиција.

Обратниот грид за втората трка од пласманот од првата трка му овозможи старт од пол позиција, но казната што ја доби од 20 секунди го врати на 14 стартна позиција, а заврши на 10 место.

Ова беа неговите импресии:

„Одличен викенд, вистинско уживање! Петокот слободен тренинг, денес квалификации и две трки на дожд. Конечно Македонското знаме на Силверстоун и интервју за тв. На квалификациите бев заглавен во сообраќај без можност за чист круг, со топ десет возачи во половина секунда.

Стартував на 8ма позиција за првата трка, дојдов на 3та позиција, во дуел за 2ра добив удар од четвртиот, при што добив оштетување од десната страна, на следниот свиок заради блокирање на кочници јас удрив во истиот возач позади и завршив 6ти. Имаше неколку круга за да се стигне и до подиум…

Но, тоа значеше пол позиција за втората трка. Поради инцидентот двајцата инволвирани бевме казнети со по 20 секунди, со тоа што за втората трка стартував 14ти, се одлучив да останам само јас од сите возила на сетап за суво, бидејќи можеше да биде од корист ако почнеше да се суши стазата, моја грешка, завршив 10ти.“ – изјави Кипровски.

Следната трка е на патеката Касл Комб на 12 и 13 јуни.

📸 Sarah Hall Motorsport & Media

Check Also

WRC: Рели Хрватска – Heli Special

Погледнете го ова хеликоптерско видео од третата рунда од Светскиот рели шампионат која се одржа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *