Home / Latest Articles / „Дојди сам, дојдете сите. Само носете маски“-Музејот на Porsche повторно се отвара

„Дојди сам, дојдете сите. Само носете маски“-Музејот на Porsche повторно се отвара

„Дојди сам, дојдете сите. Само носете маски“ – стоеше во извештајот на Германскиот производител.

После речиси една година, музејот на Porsche во Штутгарт повторно ќе ги отвори своите порти на 16 март. Додека музејот беше затворен поради пандемијата, вработените во музејот не седеа со скрстени раце, туку учествуваа во неколку надоградби во објектите.

„На пример проемнивме некои од примероците, го модернизиравме начинот на работа и инсталиравме нови интерактивни станици.“ – изјави Ахим Стејскал, директорот на музејот.

Во неколкуте трансфери се вбројува моделот 956 кој претходно висеше од таванот. Овој модел само што се врати од реставрација после која се врати во оригиналната состојба како што изгледаше победникот на Ле Ман .

Следен примерок е станицата “Consistent” која ја покажува еволуцијата на Porsche 911, како и редизајниран мултимедиа водач за посетители кој сега го поседува најмоќниот Андроид 8 оперативен систем и свежа аудио програма за 210 возила.

Исто така, тука е и новиот тркачки симулатор со волан од моделот 911 GT3 Cup.

About vladimir

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *