Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Ексклузивно видео од новата Toyota Supra GT

Ексклузивно видео од новата Toyota Supra GT

Авто Шоуто во Женева започнува за 4 дена и веќе започна поставувањето на штандовите и автомобилите што ќе бидат презентирани.

Toyota ќе го претстави долго очекуваниот наследник на легендарната Supra, но според она што може да се види во видеото подолу, станува збор за тркачка верзија на нивниот тркачки оддел Gazoo Racing.

Постои можност за влез на Toyota со новата Supra во интернационалниот GT3 шампионат, или можеби станува збор за автомобил што ќе учествува во јапонскиот Super GT. Ќе мораме да почекаме уште неколку дена за да го дознаеме одговорот на ова прашање.

Веќе имавме можност да видиме како од прилика ќе изгледа новата Toyota Supra и според она што може да се види под покривката, нема многу големи промени во силуетата на овој автомобил.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *