Home / Автомобилизам / Ексклузивно: Стефановски со нов автомобил во нови предизвици!

Ексклузивно: Стефановски со нов автомобил во нови предизвици!

Се наближува новата сезона во Европскиот туринг куп каде македонскиот пилот Игор Стефановски минатата сезона ја претставуваше Македонија.

Иако сезоната започна доста проблематично, промената на тимот во кој настапуваше, но и промената на автомобилот со нови TCR спецификации кој беше понуден од новиот тим, покажаа дека проблемот не е во нашиот добро познат Летечки Македонец. Тоа добро се виде на последната трка на патеката Имола во Италија, каде Стефановски извојува убедлива победа неколку секунди пред најдобрите возачи Петр Фулин и Крис Ричард кои се бореа за титула во последната трка.

Понесен од минатата година, Стефановски се одлучи на вистинската, но и најскапа варијанта, склопување на целосно свој тим кој лично тој ќе го одбере, но и купување на нов автомобил со кој ќе атакува на титула оваа сезона. Не е ова преамбициозна желба, туку повеќе од реалност, познавајќи го него, неговото возење, но и резултатот кој го постигна на Имола. Поради тоа тој набави нов автомобил кој моментално е на пат за Македонија возејќи речиси 5000км во 4 дена на дестинација Скопје-Барселона-Скопје. Автомобилот е купен, не ви ја откриваме тајната каков автомобил е купен, бидејќи за кратко време најверојатно ќе биде свечено претставен тимот и автомобилот за 2017 сезона, но и плановите за истата.

Но што не чека оваа година пред малите и големи екрани во Европскиот туринг куп… Многу работи се изменија во календарот на ЕТСС шампионатот. Оваа година ќе бидеме сведоци на четири нови патеки во календарот за разлика од минатата година, а сезоната започнува на 28 април на легендарната патека Монца во Италија, за разлика од минатогодишниот старт на Пол Рикар во Франција. Следи враќањето на Хунгароринг на 12 мај, потоа третата рунда останува на „зелениот пекол“ Нурбургринг-Нордшлајфе на 25 мај. Четвртата рунда останува на градската трка во Вила Реал – Португалија, а после летната пауза, на 15 септември сезоната продолжува на патеката Золдер во Белгија. Сезонското финале е закажано за 6 октомври на патеката Мост во Чешка.

Се очекува настап на голем број на возачи, бројката не е заокружена но се очекуваат околу 15 возачи, а конкуренцијата оваа година ќе биде повеќе од силна. Преовладуваат балкански возачи, па затоа некои го нарекуваат овој куп Балканско првенство. Бидете брзи, следете Брз Круг и очекувајте повеќе ексклузивни информации во блиска иднина.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *