Home / Latest Articles / Ендуро Тим Водно со ендуро школа во иднина

Ендуро Тим Водно со ендуро школа во иднина

Прва ендуро школа во Македонија…

Нешто ново, најново во нашата држава, клубот ендуро тим водно кој што во 2017 официјално беше официјализиран во Мотоциклистичката федерација, за една година успеа да стане најтрофеен клуб, односно во една сезона да добие двајца вицешампиони Христијан Бузалковски(125cc) и Игор Спиров (1000cc) и секако две победи и 11 подиуми во класата 125 и една победа во класата 1000.

Но покрај тоа, најтрофејниот клуб тука не застанува, односно со уште поголеми сили напредува. Од оваа година клубот отвара Ендуро Школа, со која што секој љубител на мотоциклите нема да се воздржи а да не ја искуси, а целта поради која оваа школа наскоро ќе се отвори, ќе ни ја раскаже секретарот на клубот Ненад Бошевски.

„Здраво. Како што веќе напоменавте од оваа година, односно од март месец, започнуваме со една поразлична школа во нашата држава, ендуро школа. Поточно се работи за моторцикли од дисциплината Ендуро, а пределите се претежно планински. Секако ке има и посебни термини за возење на крос патека, зависи од желбата на клиентите.

Воедно клиентите ќе бидат со современа опрема, одобрена од нашите моторциклисти кои што се професионалци во оваа област! Секако покрај обучувањето за возење на ендуро тури, нашата цел со оваа школа е да се намали дивеењето на улиците, бидејќи после секоја ендуро тура целата енергија се троши на вистинско место – во планина, каде што и да паднете немате бандера, тротоар или некој залутан пешак да удрите.

Кога ќе се качите на моторот наменет за по улица, го возите со многу мала брзина, односно уживате во бавното возење по улиците, а со тоа го намалувате ризикот од сообраќајна незгода. Тоа е тоа што сите го посакуваме. Затоа посетете ја нашата фан страна на фејсбук Ендуро Тим Водно Скопје, прашајте за подетални информации околу школата и закажете си го вашиот термин! Се гледаме, со почит Ендуро Тим Водно.“

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *