Home / Latest Articles / За прв пат, ЕндуроКрос спектакл во Македонија

За прв пат, ЕндуроКрос спектакл во Македонија

Овој викенд на 30 март, ќе бидеме сведоци на вистински мото спектакл во нашата држава

Станува збор за ЕндуроКрос натпревар организиран од страна на МК Ендуро Тим Водно-Скопје, на кој учество ќе земат над 70 натпреварувачи.

Самата трка е замислена како кружна патека која располага со различни препреки – камења, гуми, дрва, базен со вода и кал, при што стартот и целта на трката се на иста позиција.

До победник ќе се дојде по метод на елиминација, што значи дека од трка во трка тензијата ќе се крева, бидејќи само најбрзите возачи ќе стигнат до финалето.

Трката ќе се одржи на 30 Март со почеток во 11 часот, во кругот на Хотел Белви.

Подолу, погледнете како изгледа трка од овој тип:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *