Вака изгледаат допочнителни 44КС во споредба со стандардниот модел од 261КС.
Има многу причини да го сакате Toyota GR Yaris. Секој автомобилски ентузијаст би се заљубил на прв поглед. Овој мал ѕвер располага со 1.6 литарски 3-цилиндричен турбо агрегат кој испорачува 261КС, но…
Што можете да подобрите со дополнителни 750 евра…
Тунинг компанијата Litchfield го среди овој автомобил за 750 евра донесувајќи му дополнителни 44КС за целосни 305, како и 30Њм вртежен момент за целосни 390Њм. За овој проект беа додадени електроника и отворен филтер за воздух. Но дали овој тунинг пакет ги оправдува потрошените 750 евра?
Погледнете во следното видео: