Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / Како изгледа Такси возење во Ford Focus RS!? (ВИДЕО)

Како изгледа Такси возење во Ford Focus RS!? (ВИДЕО)

Прашањето на кое што сите сакаме да добиеме одговор е: дали може да посакаме возење во дрифт мод?

Досега многу се зборуваше за практичноста на Ford Focus RS, но многу луѓе не го разбраа тоа толку сериозно како овој таксист од Норвешка. Eвалд Јастад е таксист во Ода, Норвешка и е познат по тоа што на туристите па и локалните жители им приредува возење што нема да го заборават до крајот на својот живот. Негово такси возило е син Ford Focus RS, кое што помеѓу муштериите е познато како “Сината Молња”.

Како што веќе ни е познато, Ford Focus RS е опремен со 2.3-литарски турбо агрегат со моќност од 350 коњски сили. Благодарение на погонот на сите четири тркала, ова такси може да направи спринт од 0 до 100км/ч за само 4.7 секунди. Евалд е многу среќен човек и вели дека е помеѓу оние што го живеат својот сон.

Па да погледнеме како изгледа такси возење низ кривулестите патишта во Норвешка во Ford Focus RS:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *