Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Како се справува Фиќо со пола метар снег (ВИДЕО)

Како се справува Фиќо со пола метар снег (ВИДЕО)

Да погледнеме како се справува легендарната Застава 750, популарно наречена Фиќо, со пола метар снег на планински пат!

Сите ние многу добро го паметиме легендарното Фиќо и воздивнуваме кога ќе видиме некој реставриран примерок низ улиците на нашиот град. Да се потсетиме, а за оние што не знаат – да научат:

Застава 750 беше возилото што се произведуваше во поранешна Југославија, во фабриката Застава во Крагуевац. Овој автомобил беше произведуван по лиценца на италијанскиот Fiat 600 во период од 30 години. Последните примероци се произведени во ноември 1985 година.

Популарното Фиќо беше опремено со мотор од само 767 кубни сантиметри и моќност помеѓу 25 и 30 коњски сили, во зависност од моделот. Со должина од само 3 метри и 30 сантиметри, ова беше најмалиот автомобил што се произведуваше во фабриката на Застава. Погонот се пренесуваше на задните тркала со помош на 4-степениот мануелен менувач.

Па да видиме како популарното Фиќо ќе се справи со пола метар снег… јас би рекол дека би му позавиделе многу модерни автомобили.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *