Home / Latest Articles / Караванот на ТЦР Европа се враќа на Спа

Караванот на ТЦР Европа се враќа на Спа

После пауза од речиси еден месец, Европската ТЦР Серија се враќа на легендарната Ф1 патека Спа-Франкоршамп во Белгија.

После Португалскиот Портимао и Францускиот Пол Рикар време е за Белгија. Спа-Франкоршамп е домаќин уште од 2018 година и заедно со Монца и Барселона претставува една од најважните трки во календарот во последните пет години.

Виктор Давидовски и неговите тимски колеги Франко Гиролами и Том Коронел имаа доста квалитетни пласмани во последните две трки од каде му донесоа на тимот вкупно 263 поени, за Comtoyou Racing да се најде на првата позиција во генерален пласман на тимови.

Секој од нив забележа по една победа, Гиролами во втората трка во Португалија, Том Коронел во првата трка во Франција, додека Давидовски дојде до својата прва победа во кариерата во ТЦР Европа во втората трка во Франција.

Во генерален пласман кај возачите на првата позиција се наоѓа токму Гиролами со вкупно 133 поени, пред неговиот тимски колега Том Коронел со 120, додека Давидовски е на седмата позиција со 78 поени.

Следи доста возбудлив викенд, а во моментов на пишување заврши првиот слободен тренинг на кој најбрз беше Том Коронел.

Распоредот на викендот изгледа вака:

Петок 17 јуни:
09:00 – 09:30 Прв слободен тренинг
13:30 – 14:00 Втор слободен тренинг

Сабота 18 јуни:
10:40 – 11:15 Квалификации
15:00 Трка 1

Недела 11:35 Трка 2

About vladimir

Check Also

После Францускиот Кол Сент Пјер, следи Португалската Рампа Да Фалпера за Стефановски

Изненадувачката одлука која дојде од таборот на тимот на Игор Стефановски беше категорична, “Се враќаме …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *