Home / Latest Articles / Караколев после првата трка од БМУ Европскиот шампионат: Лош старт, но работам на подобрувања

Караколев после првата трка од БМУ Европскиот шампионат: Лош старт, но работам на подобрувања

Изминатиов викенд на патеката Јаница во Грција започна БМУ Европскиот шампионат во мотокрос

На трката настапија осум македонски возачи и тоа: Во класата MX (Ветерани) настапи Борче Костов (МК Ноќни Волци), во МХ2 (и МХ2 Јуниор) настапија: Алберто Видевски (МК Ноќни Волци), Виктор Караколев (МК Ендуро Тим – Водно Скопје) и Христиан Станкович (МК Ендуро Тим – Водно Скопје), а во најсилната класа МХ1 настапија: Христиан Илиоски (МК Пелистер), Гоце Томовски (МК Гого), Васко Киров (МК Ноќни Волци) и Михаил Бајовски (МК Хамачи Екстрим). – линк.

Младиот кросист, возач на Ендуро Тим Водно – Виктор Караколев ја започнува оваа сезона и планира да настапи на сите трки од шампионатот. Тој се натпреваруваше во класата MX2, а се бодуваше за MX2 Јуниор. Караколев заврши на 14-тата позиција на првата трка, а на втората трка ги заменија позициите со Видевски, завршувајќи на 13-тата.

Виктор не е баш задоволен од стартот на сезоната, но работи на подобрувања и очекува подобри пласмани:

„Саботата се одеше според планот и очекувањата. Првиот ден беше загревање и наоѓање на идеалната траекторија на возење, според моите пресметки. Потоа следеа квалификациите каде имав време од 2:09 што беше доволно само за 21 место во класата во која возеа пет возачи од Европското и Светското првенство.

Во неделата работите се искомплицираа. Првата трка беше откажана поради инцидент помеѓу повеќе возачи, при што брзата помош мораше да интервенира. Трката беше рестартирана, а после одлично извозени три круга влегов во првите 20. Но за жал поради мало отсуство на концентрација направив грешка, после која продолжив понатаму.

Но концетрацијата беше изгубена, па затоа следниот круг повторно доживеав пад и за жал не можев да ја завршам трката. Моторот беше уништен, но благодарение на мојот татко кој веднаш ми набави нови рачки за управување, моторот беше подготвен за втората трка.

Поради повредата, за втората трка се одлучив да одам малку посмирено и сконцентрирано. Ова иако беше трка за заборав, исто така претставува огромно искуство. Мотивиран сум и нестрплив, па затоа веднаш започнувам да работам на повредата и подготовките за следната трка од македонскиот шампионат.“

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *