Monday , May 17 2021
Home / Latest Articles / Кипровски после Донингтон Парк: Брзината ја имаме, фалат ситници

Кипровски после Донингтон Парк: Брзината ја имаме, фалат ситници

Изминатиот викенд ма патеката Донингтон Парк во Велика Британија стартуваше Ford Focus Cup во кој учество оваа година зема Македонскиот автомобилист Бранко Кипровски.

Во конкуренција на 17 возачи Кипровски го стартуваше првиот тркачки викенд со четири квалификациски сесии по 30 минути, за на квалификациите да се избори за седмата стартна позиција.

Во првата трка заврши на деветтата позиција со казна од 5 секунди поради прекршување на границите на патеката, но со трето најбрзо време позади најбрзиот круг на патеката. Во втората трка покажа силно темпо, но не успеа да ја заврши трката.

„Брзината ја имаме, тоа е најважно. Оваа сезона ја започнувам со големи планови, а еден од нив е настап на сите трки од календарот во ова натпреварување. Конкуренцијата е квалитетна и верувам дека ќе водиме голема борба за повисок пласман. Задоволен сум од првиот викенд иако не ја завршив втората трка. Следната рунда е на патеката Силверстоун каде очекувам повисок пласман.“ – изјави Кипровски.

Check Also

TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

Започнува 2021 сезона во Европската ТЦР Серија После долгата зимска пауза и тренинзите обавени на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *