Кога ќе помислите дека нема веќе што да се направи околу најновата автомобилска технологија да биде поатрктивна, се обраќате на едни од малкумината тунери кои биле доволно храбри за да ги испробаат своите способности на технолошки најнапредниот автомобил на BMW, моделот i8.
Во моментов станува збор за познатиот тунер AC Schnitzer кои доработија и изведоа најкомплетен i8 досега, а беше претставен на Мотор Шоуто во Женева оваа година. Овој пат момците од AC Schnitzer се одлучија да не мешаат прсти во перформансите на автомобилот поради задржувањето на екстремно ниската емисија на штетни гасови. Она што го направија е го спуштија за 25мм напред и 20мм назад за да добие поагресивен изглед и го наредија со карбон. Спортскиот Баварски автомобил доби специјална сатенска црвена боја, додека карбонските елементи се околу целиот автомобил. Преден сплитер, прагови, заден спојлер, голем заден дифузер и отвроите за воздух на хаубата, се она што го прават овој проект посебен.