Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Лудачки проект: Ferrari V8 агрегат во Ford Mustang од 1968

Лудачки проект: Ferrari V8 агрегат во Ford Mustang од 1968

Иако Ford Mustang е чистокрвен американец, засега непознатиот сопственик се одлучил за малку поразличен проект, да вметне Ferrari V8 агрегат…

Агрегатот со ознака M136 е вметнат со мали измени под хаубата на американската икона. Она што е додадено на овој агрегат, се 96мм усисници од Ferrari California, а исто така планирани се и два турбо полначи. Моќта ќе се пренесува на тркалата преку рачниот менувач Т56, за кого исто така беше потребно специјално адаптирање.

Познато е дека секој љубител на Mustang ќе искоментира дека овој автоомобил заслужува американски мускули, но сепак овој сопственик дефинитивно сака да биде малку поразличен од сите други љубители на оваа американска икона на четири тркала.

Европјаните би рекле дека ова е перфектен начин да уништите Ferrari агрегат, ставајќи го во робусна шасија, но сепак, делува како интересен проект.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *