Home / Latest Articles / Лука Шпадијер апсолутен победник на Ловќен, Ненад Баничевиќ повторно покажа беспрекорно возење!

Лука Шпадијер апсолутен победник на Ловќен, Ненад Баничевиќ повторно покажа беспрекорно возење!

Како што веќе најавивме, овој викенд се возеше најопасната ридска трка на Балканските простори, легендарната ридска трка Ловќен во Црна Гора

Патеката во правец од Цетиње до Иванови Корита во должина од 12.800 метри е предизвик за секој возач од балканските простори, но слободно можеме да кажеме и од Европа. На трката беа пријавени 35 возачи (сите од Црна Гора), а трката ја завршија 28. Еден од најбрзите возачи овој викенд, Немања Кашчелан (АМСК Блажо Смиљаниќ) не успеа да ја заврши трката со својот автомобил Honda Civic VTi H-1600 иако вчера имаше второ најбрзо време во генерален пласман.

Лука Шпадијер не успеа да ја оставри целта иако победи во генерален пласман, а тоа беше најавата за соборување на апсолутниот рекорд на патеката кој го држи Јован Ачимиќ возејќи го истиот прототип. Да потсетиме, рекордот на Ловќен на Јован Ачимиќ изнесува 7:32.067, додека Шпадијер заостанува за дури 41 секунда.

Во Gr.N-2000 (Група Н-2000) голема борба се водеше помеѓу имењаците Горан Капичиќ и добро познатиот Горан Вучковиќ и двајцата позади воланите на Honda Civic Type-R автомобили. Овој пат Капичиќ ја освои битката за само 860 илјадити делови од секундата, замислете на патека долга 12.800 метри, после ударот на Вучковиќ и оштетувањето на автомобилот…

Исто така голема победа во класата N-1400 извојува Василије Јакшиќ позади воланот на неговиот автомобил Peugeot 106 кој само две години е дел од ридските трки и воопшто во автоспортот. Тој успеа да го победи домаќинот на оваа патека Стеван Бановиќ со предност околу 6 секунди. До сензационална победа во класата дојде и Ненад Баничевиќ, син на Црногорската автомобилска легенда Жељко „Бато“ Баничевиќ, кој успеа со изнајмен автомобил Yugo 1.150 Група А да дојде до прва позиција во неговата класа, до петта позиција во генерален пласман, но и да направи многу подобро време од многуте побрзи автомобили на патеката.

Ненад Баничевиќ

Мораме да напоменеме дека ова е една од малкуте патеки на кои не сме присуствувале, трка која е на највисоко место на нашиот фокус, но следната година тоа ќе биде неизбежно. Следната година коваме посебен план за покривање на оваа трка, а тоа ќе биде огромно изненадување за вас драги читатели и за целата публика. Им честитаме на храбрите момци кои беа дел од оваа трка и им посакуваме уште побрзи времиња во иднина!

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *