Home / Latest Articles / Македонија доби шампион и двајца вице шампиони во мотоциклизам

Македонија доби шампион и двајца вице шампиони во мотоциклизам

Денес со втората трка на патеката Серес во Грција заврши сезоната во БМУ Европскиот шампионат во мотоциклизам

Исто така денес Македонија доби шампион во ова натпреварување, а тоа е Слободан Ивчески, додека вице шампионската титула ја освои Игор Спиров во класата Ф1000.

Иако Спиров и Ивчески денес завршија на 5-тата и 6-тата позиција, тие имаа доволно поени за да завршат со 1-2 победа во генерален пласман, додека истиот е пласманот и вобугарскиот шампионат за кој се бодуваат.

Другиот вице шамион е Христијан Бузалковски, кој денес заврши на втората позиција. Тој веднаш после трката не контактираше и дознавме дека имал големи проблеми со предната гума која не ја вршела својата работа како што треба, па затоа Бузалковски морал да попушта со темпото.

После ова јасно се гледа дека Македонија има огормен потенцијал и во мотоспортовите, но се тоа паѓа во вода кога нашите спортисти не добиваат поддршка од големи компании кои сеуште не гледаат примамлива маркетинг платформа во бензинските спортови…

Честито момци!

Фото: motori.com.mk

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *