Home / Latest Articles / Македонскиот шампионат во автомобилизам, со прва трка во Косово

Македонскиот шампионат во автомобилизам, со прва трка во Косово

Изминатиот викенд во Косово се одржа првата ридска трка за нивниот домашен шампионат, додека исто така се бодуваше за Централно Европска Зона и за Македонскиот шампионат

По тој повод седум наши натпреварувачи се појавија на трката насловена како Ридска Трка Кула. Саботните тренинзи (ЛИНК) беа вовед за неделните две трки кои како збир го даваа пласманот на возачите.

Надобро пласиран од нашите седум возачи беше Димитриј Кимовски, кој воедно и славеше роденден во саботата, во неделата успеа да заврши како четврти во неговата Дивизија 3 во која влегуваа групите Е1 и GT и деветти во генерален пласман. Со вкупно време од 7:21.470 Кимовски (Honda Civic Type-R) за неполна секунда беше поспор од неговиот најблизок ривал Бесник Читаку во автомобил BMW E46 и со тоа ја испушти третата позиција во дивизијата.

Втор најбрз од Македонските возачи беше Филип Џуклески во автомобил Југо 1.4 Хоби кој имаше вкупно време од 7:55.892, но Џуклески возеше надвор од конкуренција, поради поседувањето на Српска лиценца.

Дејан Манасиев (Renault Clio 2.0) се најде на 14-тата позиција во истата дивизија со вкупно време од 8:07.138, додека најдобро пласиран во класата Југо од нашите натпреварувачи беше Георгиј Наков кој постигна вкупно време од 8:13.160 и се пласираше на 16 позиција во Дивизијата 3.

Позади него се најдоа Бојан Георгиевски 9:20.370, Синиша Станков 9:47.806 и Александар Стојанов со време од 9:54.550 кој имаше проблеми со менувачот на неговиот автомобил Југо.

Следната трка од МАкедонскиот шампионат е во Пробиштип на 25/26 јули.

Во прилог погледнете го линкот со резултатите и времињата на сите натпреварувачи, така ќе ви бидат појасни работите, бидејќи класите се малку збунувачки…

http://www.kstiming.com/index.html

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

One comment

  1. Ситуацијата е на највисоко ниво, имено многу подобра од 5-те коли во Пробиштип, а дека даваат се од себе јас гарантирам, имено секој максимално би се залагал за сопствената приватна фирма наследство од баба му, само толку им се можностите не им замерувајте. За исплатата уште еднаш го замолувам Дарко Каевски побрзо да го исплати надоместокот за организација на меѓународен натпревар, ЦЕЗ, пандемија е имајте разбирање, да не им се таложат долговите, разберете ги дека имале огромни трошоци за истата, затоа и не отидоа на натпреварот за да ги скратат трошоците.
    Ве замолувам простете им, навистина они го прават најдоброто, ова е најдоброто, верувајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *