Home / Latest Articles / Мишелук – Нови Сад: Вуков ќе стартува од 8-та позиција, Кимовски од 14-тата, Блажевски од 18-тата

Мишелук – Нови Сад: Вуков ќе стартува од 8-та позиција, Кимовски од 14-тата, Блажевски од 18-тата

Во очи на утрешната трка со која овој викенд започнува српскиот шампионат на кружни патеки, денес се одржаа квалификациите на кои учество земаа двајца македонски возачи, Ристо Вуков и Димитриј Кимовски.

На двете возења кои се одржаа денес, се зема подоброто време, а подобар пласман имаше Ристо Вуков кој утре ќе стартува од осмата позиција, додека Димитриј Кимовски се квалификуваше на 14-тата позиција од 23 возачи.

„Автомобилот е во супер состојба. Има мали промени во амортизацијата, генерално се е како што треба да биде. Имав лошо време на квалификациите, да. Проблемот е во мене, направив многу грешки. Патеката во еден дел е екстремно лизгава и лесно се губи контрола над воланот. Се е поразлично од минатата година. Возиме со бензин од пумпа, без никакви адитиви, а исто така поради промените на амортизацијата малку ми е потешко да се привикнам. Стартувам од осмата позицијаи ќе дадам се од себе за да се пробијам напред. Мојот тим квалитетно ја завршува работата, па затоа ќе морам тоа да го оправдам и да им се оддолжам со висока позиција утре.“ – изјави Вуков за БрзКруг.

Исто така и Кимовски и неговиот тунер беа доста искрени:

„Тоа е што е. 14 позиција на никого не му се допаѓа, но морам да се помирам со тоа. Ќе стартувам 14-ти и ќе пробам да се пробивам. Силата на автомобилот е таа. Ни фалат „коњи“, но овој викенд нема повеќе. Единствено што останува е утрешната трка на која ќе го извадам максимумот од себе и од автомобилот.“ – изјави Кимовски.

Tука е и новиот македонски возач во оваа класа Марко Блажевски, кој е бивш картингаш, а оваа година исто така почнува да се запознава со оваа жестока класа на натпреварување. Тој успеа да се квалификува како 18-ти.

Утре (недела) трките започнуваат од 12 часот, веднаш после брифингот на возачите.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *