Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / Можете да си купите V12 мотор од LaFerrari за “само” 40 000 долари

Можете да си купите V12 мотор од LaFerrari за “само” 40 000 долари

Доколку го тунирате вашиот автомобил и сакате да биде навистина посебен, тогаш ова е вистинската понуда за вас.

Само уште неколку модели на Ferrari имаат V12 агрегат, а еден од нив е LaFerrari. Станува збор за 6.3-литарски V12 атмосферски агрегат кој што може да има моќност од 651 до 789 коњски сили. сепак, од Ferrari не дозволуваат продажба на своите агрегати и тоа може да се случи многу ретко.

Еден од тие среќници е Рајан Туерк, кој што благодарение на V8 агрегатот на Ferrari ja претвори својата Frankenstein Toyota GT86 во вистинско чудовиште. Неодамна на eBay се појави еден LaFerrari V12 мотор за 285 000 долари, што и не е баш пристапна цена.

Сепак, на Offer Up, R&G Auto Sales во седиште на Флорида, Америка продаваат LaFerrari V12 мотор од серијата 2014-2016 за цена од само 39 900 долари! Во понудата стои дека овој мотор бил користен многу кратко и е скоро како нов, затоа побрзајте.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *