Започнаа подготовките за 2020 сезона
На патеката Валенсија беше одржано пред сезонско тестирање за 2020 сезона. Најбрз на патеката беше возачoт на Yamaha Маверик Вињалес кој беше единствениот кој се симна под границата од 1:30 со најбрз круг од 1:29.849, додека Фабио Куартараро и Франко Морбидели го комплетираа 1-2-3 поредокот на Yamaha.
Четврти најбрз беше Кал Крачлоу, пред Жоан Мир, Алекс Ринс, Марк Маркез, Пол Еспергаро, Валентино Роси и Џек Милер кој ги комплетираше топ 10-те. Браќата Маркез, сега и тимски колеги, обајцата имаа падови при што Алекс Маркез му нанесе сериозна штета на неговиот мотоцикл.
Целосните резултати погледнете ги подолу: