Home / Latest Articles / Наков после победата на Водно: „Имав тешка скршеница, не знаев дали ќе можам да продолжам со тркањето“

Наков после победата на Водно: „Имав тешка скршеница, не знаев дали ќе можам да продолжам со тркањето“

Како што веќе знаете, изминатиот викенд на ридската патека на Водно во Скопје се одржа првата трка од шампионатот на Македонија во брзински автомобилизам.

Во саботата публиката беа сведоци на опасно невреме поради кое тренинзите беа прекинати после извозувањето на Класа 1 и 2, а беше возен еден тренинг во недела, заедно со двете трки кои следеа потоа.

Георгиј Наков „Тота“ дојде до победа во најбројната класа Југо Група А-1.150 кубни сантиметри. На тренингот во саботата тој имаше трето време – 2:25.60, додека на двете возења кои следеа се избори за прва позиција со време од 2:19.42 во првото возење и 2:19.52 во второто возење.

Збирот на двете времиња беше повеќе од доволно за првата позиција, но и самиот тој изјави дека може многу подобро, ако не направеше неколку возачки грешки.

„Ланската сезона ја почнав и ја завршив со премногу пехови, скршени два мотора и она излетување на Скопски круг каде ја оштетив предницата.

Почнав со сериозно подготвување за новата сезона која беше најавена со многу трки. Моторот требаше да се репарира, каросеријата да се поправа и појачува, но со многу задоцнување, да не речам до ден пред трка.

Зимската пауза место во гаража ја поминав во болница и во болнички кревет. Имав тешка скршеница на скочен зглоб, а психички бев многу паднат. Се плашев дека десната нога нема да ми функционира нормално.

Возилото го подготвив во четвртокот, немав услови за тренинг. Тренирав со цивилно возило и не очекував резултат. Саботата возев со доста резерва, додека во неделата се беше одлично. Возилото функционираше перфектно, имав доста грешки, но си го чував количето за Кичево.

Огромна благодарност сакам да изразам до Пауер Спорт Систем „ПСС“, Мотул, ТошиќАуто и мојот клуб АККНК.“ – изјави Наков за БрзКруг.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *