Ако барате блиндиран луксуз, овде ќе го најдете…
За оние кои бараат луксуз и заштита во нивните секојдневни патувања, Канадска компанија го нуди токму тоа. Во понудата стои: Балистичка заштита, заштита од моќни куршуми од автоматска пушка, како и заштита од повеќе кратен напад на рачни бомби. Нивото на заштита BR6 е доволен да запре 7.62 или .308 муниција, како и експлозија од две рачни бомби одеднаш.
На каросеријата на овој теренец нема да најдете хромирани делови, наспроти тоа, цело возило е затемнето да би било неупадливо. Но сепак нешто друго уникатно го поседува овој теренец. Тука е воздушната филтрација, сирени, светла за хитни случаи, можности за ноќно гледање, како и системи за испуштање чад.

Овој блиндиран луксуз го придвижува доработен V8 твин турбо агрегат со 612КС и 8-степен автоматски менувач со мануелни контроли, додека стандардниот агрегат прозиведува 523КС, со што во понуда е и 6-цилиндричен 335КС агрегат. За оваа тежина поради која и суспензијата е специјално доработена, се препорачува V8 агрегатот.
Од компанијата велат дека ова е првиот комерцијален блиндиран X7 теренец кој може да се нарача посебно, а за цената ќе морате директно да се обратите во компанијата Inkas Armored Vehicle Manufacturing.
