Home / Latest Articles / На несекојдневен начин ограбен српски моторџија во Грција

На несекојдневен начин ограбен српски моторџија во Грција

Додека мислевме дека најдолно нешто е да му се украде мотор на моторџија, после оваа приказна ни се промени мислењето

Дефинитивно уште подолна кражба се случи денес околу 10:30 часот на почетокот од вториот крак во сеседна Грција, во Метаморфозис. Имено од моторциклот BMW R1200 GS Adventure во сопственост на српскиот државјанин и страстен моторџија М.С. беше украден издувниот систем Akrapovic Black Edition буквално во дворот каде бил сместен. Тој е турист кој со својот моторцикл и неговата сопруга патуваат низ цела Европа, а после се одлучија да одат во Грција на одмор каде планираа опуштена атмосфера. Но после оваа долна кражба тие не се веќе опуштени.

„Па добро Грци… јас мислев дека ова се случува само во Србија. Дали тие знаат дека без него не можам да возам? Се шалам, знам дека знае и не го интересира. Платив смештај и паркинг и нив воопшто тоа не ги интересира. Кражбара се случи изутрина во 10:30, ми беше речено дека полицијата ќе дојде за 2 часа, а тие дојдоа за 5 ипол часа. После се, ќе бидам жртва на бирократија и ќе морам утре повторно да го објаснам случајот на перфектен грчки јазик, па да продолжи делото до негово решавање. После 6 часа чекање дојдоа и само констатираа кражба. Иронично БРАВО. Ви благодарам“ – изјави оштетениот турист.

Инаку, бандата која оперирала во тој регион и била позната на полицијата, но тие не можеле да се справат со тоа бидејќи крадците едноставно не сакале странци… како ова звучи?

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *