Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Неверојатна мини-реплика на Lamborghini Aventador Roadster

Неверојатна мини-реплика на Lamborghini Aventador Roadster

Досега имаме видено многу реплики на супер-автомобили, но морате да признаете дека оваа мини-реплика на Lamborghini Aventador Roadster е навистина посебна.

Како што ќе видите во видеото подолу, оваа реплика е направена од фармер кој што не можел да си го дозволи оригиналниот автомобил. И покрај тоа што има многу помали димензии од оригиналот, на оваа мини-реплика е запазен секој детал.

Покрај подвижниот кров како кај оригиналниот Aventador Roadster, оваа реплика има и уште неколку подвижни делови: адаптивна суспензија, задно крило и отвори за воздух. Исто така е опремен со предни и задни лед-светла идентични со оние на орогиналот.

Најинтересно од се е фактот што погонска единица на овој Aventador Roadster е агрегат од мотоцикл! За жал, немаме податоци за каков агрегат станува збор и со колкава моќност располага.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *