Home / Latest Articles / Необично запросување од страна на мотокрос возачот Христиан Илиоски

Необично запросување од страна на мотокрос возачот Христиан Илиоски

Вчера на еден од најтешките христијански празници – Божиќ, воедно и именден на Христиан, најдобриот мотокрос возач во историјата на овој спорт во Македонија влезе во брак, со запросување на необично место и на необичен начин.

Сме виделе доста клишеа од овој вид, но овој пат ова е доста оригинално бидејќи ја знаеме историјата на познатиот Кико.

Тој својата (сега) сопруга Викторија Котевска ја запроси на мотокрос патеката Братиндол крај Битола, каде Христијан започна да се бави со овој спорт и каде тренира редовно, па затоа претставува за него домашна патека.

На ова место тој има огромен број на спомени, па зошто да го нема и најмилиот спомен како круна на се досега, а тоа е запросување на својата сакана девојка, сега веќе сопруга или животен сопатник.

Честито нека е младоженци и да бидете вечни!

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *