Home / Latest Articles / Никола Асановиќ со победа и рекорд на патеката во Херцег Нови

Никола Асановиќ со победа и рекорд на патеката во Херцег Нови

Изминатиот викенд на патеката Поди во Херцег Нови започна Црногорскиот шампионат на ридски патеки.

На 3100 метарската патека победата во генерален пласман ја однесе Никола Асановиќ позади волан на Norma M20F. Тој успеа да направи време од 1:52.554 воедно поставувајќи и апсолутен рекорд на патеката.

Ова беше прва трка за него со новиот болид, а во иднина очекуваме многу рекорди на патеки од негова страна (Он-борд видео подолу).

Втор во генерален пласман од речиси 40 возачи беше Филип Петковиќ (Lancer EVO 9), на кого конкуренцијата во класата – Василије Јакшиќ му откажа борба после саботниот тренинг поради лични причини.

Трет беше Алдин Чоровиќ пред Дражен Радуловиќ (Civic Type-R SP), додека петти беше Немања Кашчелан (Honda Civic) кој ја однесе победата во класата Е1-1600.

Втората трка од Црногорскиот шампионат на ридски патеки ќе се одржи на легендарната патека Тројица во Котор на 10 и 11 јули.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *