Home / Latest Articles / Нов мотоцикл, нов клуб и нови предизвици за Виктор Караколев оваа сезона!

Нов мотоцикл, нов клуб и нови предизвици за Виктор Караколев оваа сезона!

Виктор Караколев: „Со понов мотоцикл и посериозен тим, очекувам поголеми резултати.“

Виктор Караколев е млад мотокрос возач од Велес кој љубовта кон мотокросот ја има уште од рана возраст. Тој потекнува од позната октанска фамилија, па од таму доаѓа и желбата. Иако неговиот татко и чичко возеа брзински мотоциклизам, Виктор се одлучи за мотокрос. Неодамна не контактираше и ни најави доста новости.

Имено, Виктор оваа година крајно сериозно ќе влезе во новата сезона. Набавен е натпреварувачки мотоцикл Kawasaki KXF 250, а со новиот клуб „Ендуро Тим Водно“ плановите се да настапи на сите трки од БМУ Европскиот шампионат во мотокрос во класата MX2 и на некои трки од српскиот шампионат.

Овој викенд тој го направи последниот предсезонски тест на мотокрос патеката Милци во Гевгелија, пред првата трка од Источно Европскиот шампионат, која ќе се одржи на патеката Јаница во Грција.

„Од оваа година се гледа дека работите одат на позитивно. Набавивме понов и поконкурентен мотоцикл од претходниот, но и влегов во сериозен клуб (Ендуро Тим Водно) каде имам поголема поддршка. Подготовките се при крај и со нетрпение ја очекувам првата трка од БМУ Европскиот шампионат која ќе се одржи во Грција. Моите планови за оваа година се да го извозам целиот БМУ Европски шампионат и некои одбрани трки од српскиот мотокрос шампионат.“ – изјави Караколев.

Но да ве запознаеме накратко со Виктор Караколев.

Виктор за прв пат се соочи со тркачки предизвик на патеката Орман крај Скопје во 2012 година заедно со неговиот чичко кој се тркаше истата година. После тоа во 2015-тата набави лично негов тркачки мотоцикл за да ја продолжи богатата традиција на неговата фамилија, што за него претставува огромен предизвик. Прва трка му беше во Куманово на патеката Забел, но на аматерско ниво. После тоа следеше трката на патеката Братиндол во Битола каде се здоби со повреда, после што не можеше да ја заврши сезоната.

„После повредата добро размислив и се одлучив да завршам со аматерски пристап и да се ангажирам посериозно“,  со тоа што следната година (2016) се пријавува на балканско ниво со многу посилна конкуренција.

Веќе во 2016 година започна со настап на трка на патеката Јаница во Грција, за која изјави дека му претставувала огромен предизвик, но таму се стекнува и со големо искуство. Повеќе психичко искуство отколку физичко бидејќи на квалификациите се избори за сериозно добро време, но не ги извозува двете планирани трки поради проблеми со моторот.

Понатаму плановите му беа да учествува истовремено во македонскиот и во балканскиот шампионат, но на тренинг во Гевгелија доживува тежок пад и се здобива со повреди поради кои мора да паузира два месеци. После тоа следи опоравување и напорна работа, за на следната трка во Куманово да се искачи за прв пат на подиум. Возбуден од најдобриот пласман до тогаш, Виктор напорно работи за следната трка во Самоков – Бугарија, но се здобива со повреда на истото место при што го добива најголемото разочарување и губење на желба за тркање.

Сепак тоа се периодични разочарувања, па затоа после пауза од три месеци, една недела после вадење на гипсот од раката, настапува на патеката Милци во Гевгелија. Но 2017 сезона беше одлична за него, како што изјави. На трката во Јаница (Грција) собираше искуство од побрзите возачи, а поради финансиски причини престанува да се натпреварува во БМУ Европскиот шампионат.

Но затоа пак во македонскиот шампионат доаѓа до победа на патеката Забел во Куманово, до втора позиција на Ендуро Оф Роуд Шоуто во Скопје и четврта позиција на мотокрос трката во Прилеп, завршувајќи ја 2017 сезона пресреќен, бидејќи не се здоби со никакви повреди.

После сите овие искачувања и падови, од него очекуваме собирање на големо искуство, квалитетни настапи и добри резултати оваа сезона, бидејќи како што гледаме, желбата за овој спорт кај ова момче е огромна. Како што рековме погоре, неговите предизвици започнуваат овој викенд што доаѓа, со првата трка од БМУ Европскиот мотокрос календар, на патеката Јаница во Грција.

Ова е календарот од БМУ Европскиот мотокрос шампионат. Со среќа Виктор!

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *