Aston Martin го победи Mercedes-AMG во трката за „Ф1 автомобил за на улица“ со претставувањето на првиот клиентски автомобил
Ова е истиот автомобил кој беше претставен во ноември 2021 година, на кого му беа довршувани завршни детали. И покрај големите задоцнувања, Британскиот автомобилски производител ја постигна целта.
Хиперавтомобилот е направен во соработка помеѓу Red Bull Racing, Aston Martin и Cosworth, а ова се неговите спецификации.
Aston Martin Valkyrie располага со атмосферски V12 агрегат од 6.5 литри и максимални 1000КС при 10.500 до максимални 11.100 вртежи во минута.
Хибридниот систем ја зголемува силата за дополнителни 160КС и 280Њм вртежен момент, за максимални 1160КС при 10.500 вртежи во минута и 900Њм при 6000 вртежи.
