Tesla направија име за себе како производител на електрични автомобили на кои брзината не им е проблем
Во февруари Model S со 100 киловатна батерија успеаа да стигнат од 0 до 100км/ч за 2.3 секунди (поточно 2.275507139 секунди) во спортски мод, а тоа беше доволно за да го победат Porsche 911 Turbo S. Но Tesla не е единствениот производител кој пробува да ги сруши брзинските граници со нивните електрични автомобили. Исто така неколку нови компании прават се за да ги стават своите имиња на мапата со правење на апсурдно брзи автомобили. И тоа не се само новајлии, туку доста големи имиња како Mercedes-Benz кои ги покажуваат нивните автомобили направени за постигнување на најголеми брзини.
1. Електричниот автомобил од Кинеската компанија Nio, моделот Nio EP9 може да развие најголема брзина од 312км/ч и може да забрза од 0 до 100км/ч за само 2.7 секунди. Овој автомобил успеа да сруши два различни брзински рекорди. На почетокот од овој месец тој направи рекорд на круг од 6м45.9с на 21 километарската патека Нордшлајфе на Нирбургринг во Германија. Тие го поправија нивниот претходен рекорд на истата патека кој изнесуваше 7м5.12с. Исто така, овој автомобил го држи рекордот на патеката Пол Рикар во Франција за електрични автомобили, со време од 1м52.78с. Компанијата тврди дека EP9 со полни батерии може да помине 426 километри. Производството е ограничено, а еден модел чини 1.48 милиони долари.
2. Францускиот автомобилски производител Renault го откри нивниот концепт на електричен супер автомобил со име Trezor, во септември. Од комапанијата изјавуваат дека автомобилот располага со 350КС, но автомобилот не е мерен на никоја тркачка патека. Овие податоци се базирани врз основа на моторот, кој претходно беше користен во моделот e.dams на Renault, дво-кратниот победник на титулата од Formula E шампионатот. Тие не изјавија податоци за брзината, но се очекува автомобилот од 0 до 100км/ч да забрзува за 4 секунди, додека информации за тоа колку може да помине со едно целосно полнење, сеуште не се познати.
3. Mercedes се пофалија со концептот Vision Mercedes-Maybach 6 во август минатата година. Од компанијата изјавија дека располага со 738КС, но исто така, овој модел суште не е тестиран на тркачка патека. Германскиот производител изјави дека 5.638 метарскот автомобил има максимална брзина од 250км/ч и забрзување помалку од 4 секунди. Можеби по импресивно е тоа што автомобилот за да помине 100 километри потребни му се само 5 минути полнење, според изјавите на компанијата.
4. Хрватскиот производител Rimac го претставија нивниот електричен автомобил Concept_One во Женева во март, а располага со 1070КС. Овој автомобил го победи Porsche Spyder 918 со време од 9.9 секунди на 402 метри драг трка. Автомобилот може да постигне максимална брзина од 355км/ч, но и да забрза од 0 до 100км/ч за само 2.6 секунди, што го прави најимпресивен електричен автомобил на листата, кога станува збор за брзина. Сеуште нема информации за тоа колку километри може да помине со едно полнење, но тоа сигурно не би бил најголем проблем ако сакате да го купите овој автомобил. Само 8 автомобили се произведени за продажба.
5. Тука е и модифицираниот Chevy Corvette кој сруши два светски рекорди, автомобил кој ќе има ограничено производство и ќе почне да се продава во 2019 година. Овој автомобил го сруши Светскиот рекорд за најбрз легален електричен автомобил со максимална брзина од 300км/ч во март минатата година. Потоа во јули го подобри рекордот со макимални 330.8 км/ч. Но сепак, Rimac тврди дека може да ги победи автомобилите Corvette и Nio со неговата максимална брзина од 354км/ч. Насловен како Genovation GXE овој автомобил може да помине 209 километри со едно полнење на батериите. Оние кои сакаат да го купат овој автомобил ќе мораат да приложат депозит од 250.000 долари, додкеа цената на автомобилот изнесува 750.000 долари.