Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Овој викенд Чешка е домаќин на третата рунда од Европскиот шампионат на ридски патеки – со 2000 публика

Овој викенд Чешка е домаќин на третата рунда од Европскиот шампионат на ридски патеки – со 2000 публика

После стартот на сезоната на Рампа де Ботикас во Португалија и Субида Ал Фито во Шпанија, караванот на Европскиот шампионат на ридски патеки се сели во Чешка Република на легендарната патека Ече Хомо Штернберг.

Уште на првата рунда работите беа драматични и спектакуларни, откако легендарната борба за генерален пласман помеѓу Симоне Фаџиоли (Norma M20FC Zytek) и Кристијан Мерли (Osella FA30) во Категорија 1 заврши со победа за Фаџиоли за само 0.032 секунди со тоа што Фаџиоли се одлучи за сет нови ултра меки гуми, додека Мерли беше малку по конзервативен возејќи ги веќе легнатите гуми од саботата. Во Категорија 2 победата ја однесе домаќинот Хозе Лопез-Фомбона (Porsche 991 GT3 Cup) пред Словакот Јан Милон (Skoda Fabia).

Дуелот Фаџиоли – Мерли

После тоа следеше втората рунда во Шпанија на патеката Субида Ал Фито каде Симоне Фаџиоли не настапи, а тоа му овозможи победа во генерален пласман на Кристијан Мерли како и победа во Категорија 1, додека во Категорија 2 победа извојува Рони Брачи позади волан на Mitsubishi EVO 7.

Овој викенд на ред е Ече Хомо Штернберг, доста популарна патека кај возачите, каде ќе гледаме повторна борба помеѓу двата Италијански титани Симоне Фаџиоли и Кристијан Мерли. Радосна вест е тоа што организаторите на трката после долга расправа одлучија максимална бројка од 2000 посетители кои ќе ги следат мерките и протоколите на СЗО.

Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од првата и втората рунда во Португалија и Шпанија

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *