Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Озлогласениот Берановац однесе уште една жртва, уште едно спортско срце…

Озлогласениот Берановац однесе уште една жртва, уште едно спортско срце…

Овој викенд на автодромот Берановац, ако воопшто може така да се нарече, стартуваше шампионатот на кружни патеки во соседна Србија.

Беше планирана двојна тркачка програма во сабота и недела. Во саботата се случи опасна незгода во која од здробениот автомобил Југо исто така опожарен, буквално во последен момент беше спасен Ѓорѓе Ристиќ од страна на искусниот колега Александар Ненадовиќ.

Тој и неговиот колега Никола Бијеловиќ беа пренесени во ургентниот центар во Краљево каде не беа установени тешки повреди.

Но во неделата, се случи вистинска трагедија. Во ставична незгода на местото „Мал Мост“, место на патеката кое е едно од најозлогласените, почина 38-годишниот возач во класата Југо Хибрид, Владимир Шекуларац, кој со брзина од околу 155 км/ч удри во почетокот на заштитната ограда, после што се преврте неколку метри подолу.

Од силината на ударот и од зададените повреди спортското срце на Владимир Шекуларац запра и ги остави неговите блиски фамилија, пријатели и колеги вечно да жалат. Од почит спрема неговото семејство, не прикажуваме никакви видеа и фотографии од ударот…

Почивај во мир Шеки, никогаш заборавен…

Check Also

TCR Europe: Пол позиција за Теди Кларе на првата трка, за Давидовски на втората

Францускиот возач Теди Кларе успеа да дојде до најбрзо време на денешните квалификации за втората …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *