Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Олдајмер Volvo доби 38.8 литарски мотор од тенк (ВИДЕО)

Олдајмер Volvo доби 38.8 литарски мотор од тенк (ВИДЕО)

Кога станува збор за екстремни проекти, овој дефинитивно влегува во листата…

Сите знаеме дека Volvo автомобилите се моќни и издржливи, но тоа кога ќе се круниса со вметнување на мотор од тенк, тука работите се менуваат. 38.8 литарскиот Transmash V12 агрегат можеби не звучи познато, но кога ќе го прочитате податокот дека го придвижувал легендарниот Руски Т-55 тенк кој се користеше во следните 30 години од неговото конструирање, работите почнуваат да ви стануваат појасни.

Овој огромен агрегат е монтиран во Volvo PV544 од 1960 година, нормално, со многу преправки на специјално подготвена подлога. Огромниот мотор е поврзан со специјален менувач со задната осовина. Оригинално овој мотор располага со 587КС и замислете, целиот овој склоп работи!

За овој проект било потребно многу детален инженеринг и не е само вметнат огромен мотор на поголема шасија. Засега сеуште се наоѓа во фаза на развој, но се очекува за брзо време да биде претставен финалниот производ.

Погледнете го видеото подолу:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *