Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Пабло Ескобар и неговата тркачка кариера

Пабло Ескобар и неговата тркачка кариера

Подгответе се за една различна приказна за нарко кралот Пабло Ескобар. Од трки во Renault 4 Куп, преку Porsche, па се до прагот на Формула 1

Не, ова не е лажна вест, ова е вистината која не може да се спореди со успехот кој го достигна Пабло Ескобар како крал на дрогата во Колумбија и пошироко. Не беше успешен автомобилист како производител на кокаин, но сепак, завршувал на први места на овој или на оној начин. Да бидеме реални, кој би го турнал него од патека и би го именувал тоа како „тркачки инцидент“? Зарем има таков судија што би го досудил тоа? Дефинитивно не.

Пабло Ескобар поседувал импресивна автомобилска колекција која после неговата смрт во 1993 година е растурена, а автомобилите се завршени во приватни колекции или јавни музеи. Но подлабокото копање на информации укажува на тоа дека Ескобар не бил само колекционер, туку исто така човек кој некогаш активно се бавел со моторспорт во тркачко седиште позади волан на тркачки автомобил.

Во 70-тите години од минатиот век Ескобар учествувал во Колумбискиот Renault 4 Куп, а после шест одржани трки тој се нашол на втората позиција во генерален пласман. Но дефинитивно ентузијазмот не го довел таму. Иако сите Renault 4 автомобили требало да бидат исти како што стојат правилата на Куп натпреварувањата, неколку не биле исти со останатите.

Изгубените позиции низ свиоците, Ескобар многу лесно ги надокнадувал на правците, а видливо било дека неговиот автомобил бил доста побрз од останатите. Ништо од ова не е докажано, но ајде размислете, кој би му дал нему протест за неправилности на неговото возило, или било на кој начин да искоментра на таа тема?

Фабричкото Renault 4 оригинално беше придвижувано од агрегат со 24КС, а неговата суспензија никогаш не била планирана за тркање, па затоа Ескобар решил да продолжи со посилни автомобили. Тој подоцна се појавил во 1974 Porsche 911 RSR – истиот автомобил со кој Емерсон Фитипалди се тркал во САД во IROC Series во 1974-тата, а исто така автомобилот бил и кај други возачи после што ја добил и легендарната Martini надворешност која била екстремно популарна во таа ера.

Тој автомобил е тркан низ повеќе евенти организирани низ Јужна Америка, пред главната работа на Ескобар да го тргне од трките и да му направи да биде невозможно да продолжи со тркање понатаму.

Сите знаеме дека тркањето е најскапиот спорт во кој можете да учествувате, но тоа за Ескобар не било воопшто проблем бидејќи тој имал средства за тоа, но и по некои способности (секако со помош на судиите, како и една анегдота која е позната дека натпреварувачите биле бирократски задржувани пред подготовките за трката со тоа што документите им биле прегледувани од корумпираната полиција).

Пабло Екобар стигнал и до склопување на Ф1 тим пред Берни Еклстоун да примети дека на парите дадени од страна на Колумбискиот нарко крал имало заглавени и залепени остатоци од кокаин после што била одбиена неговата понуда. Но како и да е, Ескобар бил доста влезен во моторпосртот, а тоа е уште една причина поради која добива огромна почит.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *